Украден дел од споменикот на Орце Николов во Градскиот парк

од Nikola Popovski
197 прегледи

Украден дел од споменикот на Орце Николов во Градскиот парк во Скопје, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Случајот е пријавен на 14-ти март околу 09.30 часот. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

И во минатото имаше оштетување на бисти во Градскиот парк.  Лани во месец октомври исчезнаа бистите на легендарните македонските автори и поети Никола Вапцаров и Коле Неделковски, а непознати сторители го вандализираа споменикот на Гоце Делчев.

Слични содржини