Автомобил пријавен за украден, бил најден целосно опожарен во Прилеп, информираа од полицијата.
На 03.08.2025 во 19:20 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека во населба „Тризла“ во Прилеп, било пронајдено целосно опожарено патничко возило „рено меган“ со прилепски регистарски ознаки, сопственост на С.П.(57) од Прилеп, кое претходно, истиот ден, било пријавено дека било одземено, соопштија од полицијата.
-Се работи на расчистување на случајот, велат од МВР.