Украдена бистата на народниот херој Васил Главинов во центарот на Скопје.
-На 20.02.2024 околу 10.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека пред седиште на политичка партија на подрачјето на Центар била одземена бронзена биста на народниот херој Васил Главинов. Се преземаат мерки за расчистување на случајот , информираа од МВР.
Бистата се наоѓаше пред седиштето на СПМ, во непосредна близина на Градска Општа Болница-Хирургија Св. Наум Охридски, Скопје