Украдени 4 тони колачиња „Фереро Роше“ во Шведска

од desk2
128 прегледи

Крадци однеле четири тони колачиња од Ferrero, од камион на југот на Шведска, додека возачот спиел.


Камионот бил паркиран, а возачот се успал околу 22 часот. Кога се разбудил утрото околу 8 часот, забележал дека камионот е обиен, а чоколадата и тоа осум палети со околу 4 тони колачи ги немало.

Чоколадата, од италијанскиот производител Ferrero, во кој спаѓаат познатите пралини, како и Nutella кои се урадени во Шведска биле во вредност од околу 124.000 долари.

Слична кражба е пријавена минатата недела во Германија, каде беа украдени 20 тони чоколада, меѓу кои и Nutella и Kinder јајца.
Не се знае дали кражбите се поврзани.

Според шведската полиција, не е необично да снемува големи количини чоколада, затоа што веруваат дека за нив има пазар по други места во Европа.

Слично на ова, летово беа украдени гуми за џвакање, како и 2 тони колачиња.