Украдени 76 сообраќајни знаци од патиштата околу Прилеп за четири месеци

од Nikola Popovski
213 прегледи

За четири месеци на неколку патни правци во општина Прилеп биле украдени 76 сообраќајни патни знаци, информираат од МВР.

Вчера, на 10.11.2023 во 11.00 часот во ОВР-Прилеп, С.В. (62), вработен во Македонија Пат – Прилеп, пријавил дека во временскиот период од 20.06.2023 до 06.11.2023 година, непознат сторител украл 76 сообраќајно-патни знаци на регионалните патишта:

-Р-1303 делница Прилеп-Македонски Брод од 3-ти до 30-ти километар,

-на Р-1306 делница Прилеп-Крушево од 6-ти до 31-ви километар,

-на А-3 делница Прилеп-Тополчани од 97-ми до 117-ти километар,

-на А-1К1 делница Прилеп-Фариш од 25-ти до 50-ти километар.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.