Украина добива германски ракети

од Марта Пешевска
443 прегледи

По парламентарните избори во Германија, на кои Христијанско-демократската унија (ЦДУ) освои најмногу места во Бундестагот, Украина би можела да ги добие најдобрите германски крстосувачки ракети „Таурус“, кои претходната социјалдемократска влада одби да ги испорача, објави денеска Форбс.

Лидерот на ЦДУ, Фридрих Мерц, кој е кандидат на партијата за канцелар на Германија, во неколку наврати изјави дека сака прво да се консултира со Велика Британија и Франција пред да донесе одлука за испорака на ракети Таурус во Украина, а се очекува и двете земји, кои веќе доставија дел од нивните крстосувачки ракети во Украина, да го поддржат тоа.

Германското воздухопловство моментално располага со 600 проектили Таурус, произведени од германската MBDA Deutschland GmbH и шведската воена компанија Saab Bofors Dynamics, а тоа се единствените ракети кои Германија ги има за длабоки удари.

Форбс проценува дека германските лидери веруваат дека можат да дадат околу 100 ракети на Украина без да ја загрозат сопствената безбедност. Франција, Италија и Велика Британија досега и обезбедија на Украина  неколку стотици слични крстосувачки ракети – „Storm Shadow“ и „SCALP-EG“, а германскиот „Taurus“ би можел да ги зголеми за една третина залихите на украинските крстосувачки ракети.

Слични содржини