175
Украина и Русија во неделата започнаа нов бран меѓусебни напади со дронови врз цели на непријателот, зголемувајќи го интензитетот на воздушните напади, објавија денеска западните медиуми.
Во извештајот на „Ројтерс“ се наведува дека во рускиот напад на Одеса едно лице го загубило животот, а украинските сили извршиле напад со дрон на руски воен аеродром.
Украинските воздухопловни сили во неделата наутро објавија дека уништиле 20 руски дронови и една крстаречка ракета лансирани од руските сили во текот на ноќта.