Во новиот извештај за 2022 година, Европската комисија посочува дека трговијата со земјоделски и прехранбени производи во Европската унија изнесува вкупно 401,5 милијарди евра, пренесува „Агроклуб“. Како што е наведено, обемот со кој се тргува не е намален и покрај светскиот раст на цените. ЕУ остана најголемиот светски трговец во овој сектор.
Евидентиран е раст на извозот на жита, млечни производи и свинско месо. Големата мрежа на трговски односи и договори и обезбеди на Унијата поголем број трговски партнери за надминување на предизвиците во текот на целата година што произлегуваат од војната во Украина. Извозот во 2022 година беше за 31 отсто поголем од 2021 година и достигна 229,8 милијарди евра. Количините на жита и производите од мелничкиот сектор бележат најголем пораст во вкупниот извоз на ЕУ и претставуваа седум, односно десет отсто од извозот. Зголемен извозот на пченица, за економиите во развој. Најмногу се извезени во Алжир (4,9 милиони тони), потоа Мароко (4,1), Египет со 2,9 и Нигерија со 2,5 милиони тони.
Извозот на млечни производи достигна вредност од 20,4 милијарди евра. И покрај падот на побарувачката од Кина, свинското месо остана најголем извозен производ во категоријата месо со финално салдо од 13,8 милијарди евра. Обединетото Кралство е дестинација број еден за производите на ЕУ, со една петтина од извозот. На второ место се САД со 13 проценти. Третото место и припаѓа на Кина, која е крајна дестинација за седум проценти од европските производи.
Истовремено, лани е зголемен и увозот на земјоделски и прехранбени производи – за 32 отсто во однос на 2021 година. Неговата вкупна вредност беше 172 милијарди евра. Од медиумот наведуваат дека тоа е резултат на растот на светските цени на храната, особено маслодајните семиња и производите од кафе. Увозот на маслодајни семиња и протеини изнесува 25,8 милијарди евра. Кафето, чајот, какаото и зачините останаа меѓу водечките увозни производи на второ и трето место. Количината остана стабилна, но цените се зголемија.
Бразил и понатаму е земја од која се увезува најмногу храна, со 12 отсто од вкупната количина, а потоа следи Обединетото Кралство со девет отсто.
Украина ги престигна САД и го освои третото место.