Украина ќе добие пристап до парите што ЕУ планира да ги додели за зајакнување на својата одбрана

од Vladimir Zorba
38 прегледи

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека Украина ќе добие пристап до 150 милијарди евра, кои Европската унија планира да ги додели за зајакнување на своите одбранбени капацитети.

На прес-конференција тој и се заблагодари на Европската унија за нејзините „сериозни одлуки“.

„Украина ќе има еднаков пристап и еднакви можности за 150 милијарди (евра) што очекува да ги потроши за зајакнување на одбранбените капацитети на Европа“, рече Зеленски, пренесе Укринформ.

Тој нагласи дека ова е многу сериозен чекор.

„Навистина се надевам дека тоа ќе биде направено наскоро и ова е сериозен сигнал. Благодарен сум на Европската унија за ова“, рече Зеленски.

Европските лидери на 18 февруари едногласно се согласија да ги зголемат трошоците за одбрана за време на состанокот во Париз.

Слични содржини