Украина: Контраофанзивата продолжува, ќе го изненадиме светот

од Stefanija Kuzmanovska

Шефот на кабинетот на украинскиот претседател Зеленски, Андриј Јермак, изјави дека никој не може да ги предвиди настаните на фронтот, особено оние поврзани со контраофанзивата, но дека е убеден дека украинската армија може да го изненади светот.

„Верувам дека контраофанзивата продолжува. Секој ден има барем одреден напредок, а секако некои работи се менуваат бидејќи секој ден нешто се случува. И се надевам дека овој пат ќе го изненадиме светот“, рече Јермак во интервју за „Дојче веле“.

Тој додаде дека денес никој не може сто отсто да предвиди како ќе се развиваат работите.

Слични содржини