Украинските војници нападнаа мостови во близина на Чонгар, на административната граница меѓу украинската област Херсон и Крим под контрола на Москва, соопштија проруските власти.
Вршителот на должноста гувернер на Херсонската област, Владимир Салдо наведе дека според прелиминарната проценка, за време на нападот биле користени британски проектили Storm Shadow, пренесува РИА Новости.