Во текот на ноќта меѓу 11 и 12 февруари, руската армија изврши уште еден напад со дронови врз Украина. Украинското воено воздухопловство соопшти дека противвоздушните ударни системи уништиле 14 од вкупно 17 дронови, како и една крстосувачка ракета Kh-59.
Нагласуваат дека руската армија истрелала „ракети земја-воздух“ со долг дострел С-300, но не прецизираат колку и дали погодиле некоја цел.
Гувернерот на регионот Харков, во североисточна Украина, Олех Синијехубов изјави дека Русија го нападнала регионот со проектили истрелани од руската област Белгород, која граничи со Украина.
Според прелиминарните извештаи, нема жртви, но оштетени се одредени нестанбени објекти, пренесува АП.
„Русија го нападна градот Павлохрад со дронови. Немаше жртви, но во некои делови од градот снема струја“, изјави Серхиј Лисак, гувернер на областа Дњепропетровск.
Последниот руски напад со дронови доаѓа додека украинскиот претседател Володимир Зеленски продолжува да го реконструира својот воен кабинет.