Украина: Разоткриена корупција од големи размери во Врховниот суд

од Stefanija Kuzmanovska
248 прегледи

Украинската државна антикорупциска служба објави дека е отворена истрага за корупција од големи размери во системот на Врховниот суд на Украина, а во јавноста беше прикажана фотографија од куп долари уредно наредени на софа.

Националното биро за борба против корупцијата на Украина (НАБУ) не именува никого како обвинет во случајот, но два локални медиуми објавија дека полицијата го привела претседателот на Врховниот суд Всеволод Књазиев под сомнение дека примил 3 милиони долари мито, пренесе „Ројтерс“, но таа информација не е официјално потврдена.

„НАБУ и Специјалното антикорупциско обвинителство (САП) открија голема корупција во Врховниот суд и шема за поткуп на раководството и судиите на Врховниот суд. Во тек се итни истражни дејствија“, соопшти НАБУ.

Слични содржини