Украина: Русија истрела 33 ракети врз цивилни цели во Херсон

од Stefanija Kuzmanovska

Генералштабот на вооружените сили на Украина соопшти дека руските сили истрелале 33 ракети врз цивилни цели во украинскиот град Херсон во последните 24 часа.

Во својот утрински извештај тие наведуваат дека руските сили со минофрлачи и артилерија ги напаѓаат населените места на десниот брег на реката Дњепар во близина на Херсон, пренесува „Ројтерс“.

Русија негира дека гаѓала цивилни цели во нејзините напади.

„Ројтерс“ не можеше независно да ги потврди овие извештаи.

Најтешките борби се уште се водат околу источниот град Бахмут, кој Русија се обидува да го освои со месеци, како и на север во градовите Сватов и Кремин, каде Украина се обидува да ги пробие руските одбранбени линии.

Слични содржини