Украина: Русија изврши воздушни напади врз Киев и Лавов

од Stefanija Kuzmanovska
387 прегледи

Во текот на ноќта Русија изврши воздушни напади врз Киев и украинските градови на истокот и западот на земјата, а според прелиминарните извештаи нема повредени.

Воената администрација на Лавов, град со околу 700.000 жители, кој се наоѓа на околу 70 километри од границата со Полска, соопшти дека Русија погодила критична инфраструктура, предизвикувајќи пожар.

Шефот на воената управа на регионот Запорожје, Јуриј Малашко, на Телеграм напиша дека цел на рускиот напад била телекомуникациската инфраструктура и земјоделските стоки и дека нема жртви.

Слични содржини