Украина: Русија утрово нападна со дронови, гранатираше градови и села

од Stefanija Kuzmanovska
479 прегледи

Украинските власти соопштија дека руските сили денеска извршиле напади со беспилотни летала и гранатирале градови и села на линијата на фронтот, како последица на што е повреден најмалку еден цивил.

Во изјавата на портпаролката на украинската јужна команда, Наталија Хуменјук, се наведува дека Русија во текот на ноќта извршила напади со беспилотни летала „Шахид“ врз регионите на Николаев и Запорожје, пренесе „Киев Индипендент“.

Гувернерот на областа Запорожје, Јуриј Малашко, додаде дека руските сили два пати ги нападнале предградијата на Запорожје и дека бил ранет маж (62).

Руските воздухопловни сили соопштија дека собориле шест „Шахида“ кои доаѓале од југ.

Слични содржини