Украина: Руските сили гранатираа породилиште во Херсон

од Stefanija Kuzmanovska

Руските сили денеска гранатираа здравствена установа во Херсон и го погодија породилното одделение на болницата, објави заменик-шефот на кабинетот на украинскиот претседател Кирило Тимошенко.

Тимошенко на Телеграм напиша дека зградата е оштетена, но дека медицинските работници, пациентите и децата не се повредени.

Тимошенко објави и фотографија од местото на гранатирањето, објави украинскиот сајт prm.ua.

Слични содржини