Украина: Седум загинати, 21 повреден во рускиот напад на Херсон

од Stefanija Kuzmanovska
124 прегледи

Бројот на загинатите во нападот на руските сили на Херсон се зголеми на седум, а 21 лице е повредено, соопшти шефот на регионалната воена управа Јарослав Јанушевиќ.

„Само за една вечер – 21 ранет и седум мртви“, напиша Јанушевиќ доцна синоќа на Телеграм.

Агенцијата „Интерфакс Украина“ јавува дека синоќа руските сили повторно го нападнале Херсон со повеќе ракетни фрлачи и артилерија, а целта бил станбен дел од градот.

Слични содржини