Украинските власти објавија дека неутрализирале околу 200 руски војници во напад со ХИМАРС на плажа, пишува Business Insider.
Националниот центар за отпор во земјата, управуван од украинската војска, објави снимка од нападот со беспилотно летало на Фејсбук, велејќи дека со него се „уништени“ десетици војници и руска опрема.
Додаваат дека нападот го извршиле откако од локални извори добиле информации за движењата на руската армија.
На снимката од дронот се гледа дека на плажата има многу војници, некои од нив вежбаат. После тоа се гледа напад со ХИМАРС.
Украинската новинска агенција Еуромајдан прес објави дека нападот бил извршен на островот Џарила, тенок песочен премин во Црното Море. Се наоѓа во регионот на Херсон под руска окупација.
Медиумите објавија дека „загубени се и до 200 руски војници“, иако не е јасно колку лица загинале или се повредени.