Украина: Во руски напад врз училиште загинаа двајца просветни работници

од Stefanija Kuzmanovska
215 прегледи

Двајца просветни работници загинаа, а три лица се повредени во руски напад врз училиште во градот Ромни во областа Суми, на североистокот на Украина, изјави денеска украинскиот министер за внатрешни работи Игор Клименко.

Уште две лица се под урнатините, изјави Клименко, пренесува „Ројтерс“.

Агенцијата Униан јавува дека регионалната администрација соопштила дека нападот бил извршен со беспилотни летала и дека училишната зграда е целосно уништена.

Слични содржини