279
Руските сили претходниот ден гранатираа 10 украински области, при што загинаа најмалку четири лица, а 40 беа повредени, соопшти денеска украинското воздухопловство.
Се додава дека Русија истрелала 15 крстаречки ракети и 21 дрон – камиказа „Шахид“ во текот на ноќта во Киевската област, а сите биле соборени од украинската противвоздушна одбрана, објави „Киев Индипендент“.
Остатоците од уништените воздушни цели повредија најмалку две лица во таа област, меѓу кои и едно дете.