Украина во војна одбележува 31 година од прогласувањето независност

од Stefanija Kuzmanovska

Украина денеска одбележува 31 година од прогласувањето независност, а празникот кој „паѓа“ точно шест месеци по почетокот на руската инвазија на 24 февруари, ќе се слави без организирани свечености и под закана од напади од копно, воздух и море, пренесува „Ројтерс“.

Леонид Кравчук, лидерот на Советската Република Украина, прогласи независност од Советскиот Сојуз во 1991 година, а на референдумот и претседателските избори Украинците ја поддржаа независноста и го избраа Кравчук за претседател.

Јавните собири денеска се забранети во главниот град Киев по повод оваа годишнина, а на сила е полициски час на линијата на фронтот во Харков, град на истокот од земјата кој со месеци е под гранатирање, јавува британската агенција.

Слични содржини