210
На инфраструктурните објекти во градот Запорожје, кој е под контрола на Украина, им беше прекинато снабдувањето со електрична енергија, а во текот на ноќта избувна пожар, соопшти денеска секретарот на градскиот совет, Анатолиј Куртев.
„Имаме пријави за пожар. Прекинато е снабдувањето со електрична енергија на инфраструктурните објекти“, напиша тој на својот канал на Телеграм, пренесува ТАСС.
Киев изгуби контрола над 72-73 отсто од територијата на регионот Запорожје, но градот Запорожје, дом на речиси половина од населението во регионот, сè уште е под контрола на Украина.