Украинците ја нападнаа базата на Црноморската флота? Русите тврдат дека биле употребени дронови (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska
119 прегледи

Силите на Црноморската флота собориле дрон во близина на Севастопол, а уште едно беспилотно летало експлодирало, но не го оштетило објектот кон кој било насочено, објави гувернерот на Севастопол, Михаил Развозајев.

Тој претходно на Телеграм напиша дека Црноморската флота одбила напад со беспилотни летала во близина на Севастопол.

„Денеска со почеток во 3 часот и 30 минути е извршен обид за напад на Севастопол. Досега, еден дрон е уништен од силите на противподморничката диверзантска одбрана, а другиот сам експлодирал. Сè се случило на надворешното сидриште на Севастопол и ниту еден објект не бил оштетен. Во моментов во градот е мирно, но сите сили и служби се во готовност“, напиша Развозајев.

Поморскиот патнички сообраќај во Севастополскиот залив е прекинат, а организиран е автобуски превоз меѓу северниот и централниот дел на градот.

Севастопол е главната поморска база на Црноморската флота и украинската војска се обиде да го нападне со беспилотни летала во неколку наврати во изминатите неколку месеци.

Меѓутоа, овој пат од Киев нема потврда дека украинските сили го нападнале Крим со дронови, додека на социјалните мрежи беа објавени наводни видеа од нападот.

Слични содржини