Авиони на руските воздушни сили запреле украински десантен тим, кој се обидел да стигне до западен Крим, до Тарханкут, користејќи брз чамец и три водени скутери, соопшти денеска руското министерство за одбрана.
„Во раните утрински часови на 4 октомври беа спречени обидите на режимот во Киев да изврши терористички напади врз објекти во Русија. Во северозападниот дел на Црното Море, авионите на руските воздушни сили ги спречија украинските јуришни сили, кои се упатија кон р’тот Тарханкут со помош на брз чамец и три водени скутери за да се инфилтрираат на територијата на Крим“, соопшти руското министерство, пренесе ТАСС.
Во одделен инцидент, единиците за противвоздушна одбрана на должност открија и соборија 31 украински дрон над регионите Белгород, Брјанск и Курск, додаде руското министерство.