Украински функционер ОБЈАВИ ВИДЕО од напад врз градот Дњепар

од Stefanija Kuzmanovska
221 прегледи

Украинскиот пратеник Алексеј Гончаренко на Твитер објави видео од вчерашниот ракетен напад врз градот Дњепар.

Гончаренко рече дека овие сцени одразуваат „како изгледа речиси секое утро“ во Украина.

„Вака изгледа речиси секое утро за Украинците, почнувајќи од 24 февруари. Одиме на работа и не знаеме дали ќе се вратиме оттаму или ракета ќе го погоди патот по кој одиме“, напиша тој на Твитер.

Украинската армија вчера објави дека енергетската инфраструктура на земјата е под постојан напад на руски ракети.

Тие, исто така, соопштија дека украинските сили собориле две крстаречки ракети, пет ракети лансирани од воздух и пет беспилотни летала Шахед-136 од иранско производство.

Слични содржини