Украинскиот генералштаб: Русија изврши напад со 10 дронови во текот на ноќта

од Stefanija Kuzmanovska
100 прегледи

Во текот на ноќта руските војници употребиле 10 беспилотни летала „Шахед-136“ за напад на територијата на Украина, од кои девет биле уништени од украинските воздухопловни сили, соопшти утрово украинскиот генералштаб, пренесува „Танјуг“.

Се наведува дека руските сили синоќа лансирале девет ракети С-300 врз цивилната инфраструктура во Харков, пренесува „Интерфакс Украина“.

„Во нападот се оштетени приватна куќа и два автомобила“, изјави шефот на регионалната воена управа Олег Синегубов.

Слични содржини