Украинскиот претседател ги прими европските лидери во Киев

од Stefanija Kuzmanovska

Украинскиот претседател Владимир Зеленски денеска се сретна со францускиот претседател Емануел Макрон, германскиот канцелар Олаф Шолц и италијанскиот премиер Марио Драги во Претседателската палата во Киев.

Тие претходно го посетија блискиот град Ирпин, каде што имаше жестоки борби.

Претседателот Зеленски на влезот во Претседателската палата во Киев го пречека секој од лидерите на ЕУ кои се во посета.

Целиот комплекс е обезбеден, за безбедност на луѓето кои се во центарот на моќта во земјата која беше нападната.

За време на вообичаеното позирање за заедничка фотографија, Зеленски беше прашан дали мисли дека европските сојузници ќе му го дадат она што тој навистина го сака денес.

„Ќе видиме“, одговори Зеленски.

На прашањето дали е оптимист, немаше јасен одговор бидејќи лидерите се сместија внатре да разговараат.

Украинските власти се надеваа дека француските и германските лидери недвосмислено ќе ги поддржат амбициите на Киев за членство во ЕУ, по малку спротивставените пораки од Емануел Макрон и Олаф Шолц во последните недели.

Неколку моменти претходно „најтоплата прегратка“ била меѓу Зеленски и Макрон, пишува Би-Би-Си.

Доаѓањето на канцеларот Шолц било уште понезгодно бидејќи германскиот лидер излегол од своето возило со гломазна актовка, која ја фрлил на црвениот тепих до него.

Претходно денеска францускиот претседател Емануел Макрон, германскиот канцелар Олаф Шолц и италијанскиот премиер Марио Драги со воз пристигнаа во Киев, пренесоа светските агенции.

Ова е прва посета на тројцата лидери на Украина од почетокот на руската инвазија на таа земја.

Foto: Ludovic Marin, Pool via AP

Слични содржини