Украина го нападна окупираниот Мелитопољ, стратешки град лоциран во југоисточниот дел на земјата, објавија во неделата украински и руски извори.
Промосковските власти во областа велат дека во ракетниот напад загинале две лица, а десет се повредени, додека градоначалникот во егзил Иван Федоров вели дека десетици „освојувачи“ биле убиени.
Федоров тврди дека во нападот била погодена црква, која Русите ја претвориле во собирен пункт.
Советникот на украинскиот претседател Зеленски вели дека градот Мелитопољ е клучен за одбраната на југот.
„Ако градот падне, целата линија до Херсон ќе се урне“, рече тој во видео интервјуто на социјалните мрежи.
„Ројтерс“ не можеше независно да ги потврди извештаите за напади или смртни случаи.