Украинското обвинителство: 313 деца загинаа, а 579 се повредени во руските напади

од Stefanija Kuzmanovska

Најмалку 892 деца настрадаа во руската агресија врз Украина – 313 се убиени, а 579 се повредени, соопшти денеска Украинското државно обвинителство.

Три деца на возраст од три месеци, 11 и 17 години се повредени во гранатирањето на руските сили од повеќецевниот ракетен систем Град во селото Пјатничкое во областа Харков.

Обвинителството тврди дека смртта на уште 25 деца, на возраст од четири до 17 години, била регистрирана во регионот на Доњецк поради гранатирање и бомбардирање на регионот од март до мај. Најмногу деца, 21, загинаа во Мариупол.

При гранатирањето на Мариупол загина целото семејство на началникот на еден од одделенијата на градскиот совет, меѓу кои и две девојчиња на возраст од 13 и 15 години, од директен удар од непријателска граната врз зградата, се наведува во соопштението.

Покрај тоа, 48 деца на возраст од четири месеци до 17 години беа повредени во руското гранатирање на Мариупол.

Слични содржини