Украле повеќе предмети од рудник на РЕК Битола

од Nikola Popovski
230 прегледи

На 06.03.2024 во 21.45 чaсот, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на сообраќајот при СВР Битола ги лишиле од слобода А.М.(40) и И.К.(55), двајцата од Битола. Тие се сомничат дека истиот ден извршиле „тешка кражба“, при што од рудникот Брод – Гнеотино на РЕК Битола одзеле повеќе предмети.

При преглед на патничко возило „нисан”, во кое се превезувале, биле пронајдени одземените предмети и биле вратени на сопственикот.

Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Слични содржини