Филмот „Улица“ (La strada, 1954) на италијанскиот режисер Федерико Фелини, според веб порталот listchallenges.com, е најдобриот европски филм на сите времиња. На листата се најде и „Крадци на точаци“ на Виторио де Сика, како и култниот „Седмиот печат“ на Ингмар Бергман, како и „Фани и Александар“ режиран под големиот бергнмански печат.
Интересно е што во првите 10 не се најде името на култниот руски режисер Андреј Тарковски. На листата на најдобрите преовладуваат големите режисерски имиња на италијанскта кинематографија.
https://www.youtube.com/watch?v=f4yXBIigZbg