Москва не гледа никаква корист за Финска од влезот во НАТО, бидејќи во случај на воена ескалација меѓу Русија и алијансата, таа земја прва ќе настрада, изјави постојаниот претставник на Русија во меѓународните организации во Виена, Михаил Уљанов, во интервју за РИА Новости.
Според Уљанов, Москва традиционално гледа на својот сосед како на „неутрална и генерално пријателска земја“ со која има добрососедски односи. Сепак, вели тој, влезот на Финска во НАТО ја охрабри Русија да преземе одредени чекори, а пред се повторно да ги воспостави воените окрузи Ленинград и Москва.
„Односно, секогаш ќе има одмазднички мерки. Само не разбирам каква корист има Финска од ова. Живеевме во мир и одеднаш се најдовме меѓу Русија и НАТО, како составен дел од алијансата, но тие се наши соседи , а не дај Боже ако дојде до влошување на ситуацијата, тогаш прва ќе настрада самата Финска. Тоа навистина не би го сакал, се разбира“, навел Уљанов.