Уловена со бурма: Дали Гвен Стефани се омажи во тајност? (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska
346 прегледи

Поп-ѕвездата Гвен Стефани носеше нов прстен на левата рака кој го фотографираа новинарите, па многумина мислат дека таа конечно се омажи за својот вереник Блејк Шелтон.

Според „Page six“, Гвен Стефани била видена и фотографирана за време на прошетка во паркот со нејзиниот вереник во Санта Моника. На фотографијата јасно се гледа бурма на прстот од левата рака покрај вереничкиот прстен.

Инаку, нејзиниот вереник Блејк Шелтон ја запроси во септември минатата година со дијамантски прстен чија вредност се проценува на околу пет милиони долари. Прстенот има централен бел дијамант, а експертите проценуваат дека може да биде помеѓу 8 и 10 карати.

Извор близок до парот изјавил дека Блејк изградил капела на неговиот ранч за да може оваа година да се одржи венчавка таму. Сепак, според шпекулациите на американските медиуми, венчавката можеби веќе се одржала во тајност.

Слични содржини