Уметничка акција: Златен бензин – само небото е граница за цените…

од Vladimir Zorba
270 прегледи

Цените на бензините и нафтените деривати се вивнаа во небо, како се одвиваат работите ќе се увериме во синтагмата дека само небото е граница (only sky is a limit). Последните неколку недели граѓаните на Македонија но и пошироко плаќаат за еден резервоар повеќе отколку што на берзите чини еден грам злато (околу 3600 ден наспроти 4-5000 денари колку што чини еден резервоар гориво). Всушност многумина се прашуваат дали во резервоарите точиме виски, парфем или гориво бидејќи литар гориво последниве недели е поскапо од литар вино и скоро дупло поскапо од литар боза, пиво или овошен сок.

Со оваа акција сакаме да ги потсетиме надлежните дека со укинувањето на мерките за намалување на цените на горивата македонските граѓани мака мачат да ги извршуваат секојдневите обврски а околу 100.000 граѓани се директно зависни (доставувачи, дистрибутери, таксисти) од цената на горивата.

Акцијата златен бензин е само почеток на низа акции кои ќе бидат посветени на енормните поскапувања на продуктите и енергенсите и намалувањето на животниот стандард на граѓаните, надевајќи се дека преку овие акции и ние уметниците заедно со синдикатите и работниците ќе влијаеме на владата да ги заузда цените кои одат кон небесата и да обезбеди ако не развој барем преживување за граѓаните.

Акцијата е дел од урбаните уметнички акции на ЦСУ Скопје.

Слични содржини