Унгарија: Европа сака да ни врати 20 000 мигранти, ние ќе ги препраќаме на Западен Балкан

од Vladimir Zorba
109 прегледи

Властите во Унгарија добиле барање од западни држави за враќање назад на околу 20 000 мигранти.

5025939

Властите во Унгарија добиле барање од западни држави за враќање назад на околу 20 000 мигранти, кои не добиле право на азил. Унгарија од своја страна ќе ги врати сите овие мигранти во земјите од Западен Балкан, објави локалното издание “Унгарски времиња”.

Одделни држави од Западна Европа  ја предупредиле Будимпешта, дека треба да бидат вратени на Унгарија околу 52 000 мигранти, кои нема да добијат азил. Само оваа година се добиени барања за враќање назад во Унгарија на 20 000 луѓе, претежно од Германија, Австрија, Франција и Велика Британија, објавено е  од унгарското Министерство за внатрешни работи. Унгарија ќе го прифати секој еден мигрант, кој за прв пат влегува во ЕУ во унгарската граница, но сите други ќе бидат вратени назад таму каде доаѓаат, изјави неодамна унагарскиот премиер Виктор Орбан при разговорот со австрискиот колега.

Од Министерството за внатрешни работи во Будимпешта потсетија дека има договори со земјите од Западен Балкан за враќање назад на мигрантите.