Унгарија го ратификува протоколот за НАТО

од desk2
135 прегледи

Парламентот во Будимпешта денеска едногласно го ратификувал протоколот за пристапување на Северна Македонија во НАТО. За протоколот, како што соопштија од македонскиот парламент, гласале „за“ сите 153  присутни пратеници.

На чинот на ратификацијата на протоколот во Унгарија денеска присутвуваше и претседателот на македонското собрание Талат Џафери, на покана на претседателот на Националното собрание на Унгарија.

Проценките на македонскиот државен врв се дека до крајот на годинава сите 29 земји членки, вклучително со САД, ќе ги завршат процедурите за ратификација на протоколот, по што нашата земја, за релативно кратко време, и официјално ќе стане 30.членка на Алијансата.