Унгарскиот министер за надворешни работи обвини официјални претставници на ОН за “ширење лаги” со критиките кон антиимиграционната политика на Будимпешта, тврдејќи дека неговата земја “нема никогаш да биде земја на мигранти”, пренесе АФП.

“Очигледно е дека вработените на ОН, ги шират овие лаги за Унгарија, се пристрасни промиграционни вработени”, изјави Петер Сијрто пред Советот на ОН за човекови права во Женева, тврдејќи дека неговата земја “нема никогаш да биде земја на мигранти .. . “Ние никогаш нема да дозволиме ниту еден илегален мигрант да влезе на територијата на нашата земја”, рече тој.