5,8K
Новата влада на Северна Македонија ќе добие заем од Унгарија од една милијарда евра по исклучително поволни услови, коментираат унгарските медиуми.
Тамошните медиуми забележаа дека ова е најголемиот заем што владата во Будимпешта го одобрила некому откако Виктор Орбан ја презеде власта.
Идниот министер за транспорт и врски Александар Николоски потврди дека новата Влада, чие гласање е закажанo за утре, ќе се задолжи за една милијарда евра во странство, а заемот нема да се земе од Кина, туку од ЕУ и НАТО земја-членка.
Неофицијално, кредитот ќе биде подигнат со ниска каматна стапка од три проценти што е исклучително поволен услов за било какво задолжување за една земја во странств