Унгарскиот премиер Виктор Орбан влезе во учебниците по историја: нови, порачани од државата учебници го претстават како надпартиски татко на нацијата. Цитирана е и еден негов говор, насочена против мигрантите- пишува DW.

Еден нов учебник по историја предизвикува контроверзна дискусии во Унгарија, каде што оваа недела почнаа наставата. Во учебникот “Историја 8”, кој ја покрива унгарската историја по 1945 година, Орбан е претставен во исклучително поволна светлина. Тој се споменува во многу од текстовите, фигурира на многу слики, вклучувајќи ја и средбата со папата Јован Павле Втори. Од учебникот унгарските деца учат дека Орбан е “фигура од клучно значење за модерна Унгарија”.
Најоспорувана пасус во учебникот, кој веќе е поделен на голем број осмокласници, го поставува прашањето: “Зошто, според вас, поранешните западни колонијални држави имаат различен однос кон имигрантите?”. Во одговорот на ова прашање авторите на учебникот го цитираат говорот од Орбан пред Европарламентот во 2015 година:
“Унгарија никогаш нема да биде таква држава”
“Како поранешни колонијални држави тие добро го знаат империјалистичкиот менталитет, за кој е нешто сосема природно да се примат луѓе од поранешните колонии. Овие земји се подготвени за тоа, тие живеат на овој начин, тоа е дел од нивната култура. Унгарија сепак никогаш не била таква држава. и никогаш нема да биде. Културната хомогеност на Унгарија, нашиот менталитет и нашите цивилизаторски патишта се вистинските вредности. Го сметаме сето тоа за важно и не сакаме да го жртвуваме “, рече Орбан тогаш.
Агнеш Кунхалми, претседателка на Комисијата за култура во унгарскиот парламент и пратеничка од Социјалистичката партија, го вели во оваа врска следново: “Тоа автократско владеење отиде дотаму што мислењето на Орбан за миграцијата веќе се цитира дури во учебниците. Каква влада е она што ја внесува сопствената кампања на омраза во учебник по историја? “.
Критики упати и Ласло Миклоши, претседател на Независниот сојуз на наставниците по историја:
“Секој нов учебник содржи грешки, но ова издание е најпроблематично досега, бидејќи предизвикува прашања како од принципиелен, така и од значаен карактер. Станува збор пример за тоа како се претстават работите. На сликите Орбан изгледа како активна, позитивна личност – на пример, кога ја сече лентата на некој нов мост или е на аудиенција кај Папата. Тој е прикажан како надпартиска личност, додека неговиот политички противник, поранешниот премиер Ференц Ѓурчани, е претставен како пасивна , партиска фигура. Една од фотографиите го покажува пример на позадината на партиското лого. Овој начин на претставување е крајно неурамнотежено “, вели Миклоши.
Издавачот на спорниот учебник Јожеф Капоши ја брани содржината. Тој тврди дека Орбан требало да биде споменат во учебникот поради воведените во 2012 промени во наставните планови кои ги обврзуваат авторите даја обработата и историјата од 1945 до денес.
Петер Бенчик, коавтор на еден ваков учебник по историја, исто така не пројавува разбирање за критиките: “Не можам да разберам зошто да е диктаторски кога една личност уште додека њ жив е опишан во учебник по историја. Уште кога новиот наставен план беше воведен, сите бевме свесни дека името на Орбан, а и на други премиери од минатото, ќе се изучуваат од ученици “.
Напната е и објективноста на некои описи на леви и десни политички струи, претставени во новиот учебник. Во “Историја 8” ученици учат на пример, дека “десните партии се издвојуваат главно со конзерватизам, а левите – со радикализмот “. И уште: “Во нашите денови Левицата обично тврди дека е либерална и социјална, но социјалната функција може да биде карактеристика и на десничарските партии. Во секој случај е јасно дека во своите одлуки конзервативните политичари се во согласност со најважните аспекти на националните идеали, на успесите од минатото и на утврдените општествени вредности. Додека радикалните групи имаат тенденција да ги извртуваат вредностите на минатото. ”
Издавачот на учебникот Јожеф Капоши се обидува да го минимизира значењето на овие пасуси. Според неговите зборови, категории како “лево” и “десно” веќе не биле актуелни. Покрај тоа, не треба да се заборави дека текстовите се наменети за 14-годишни деца.
“Либералната демократија” на Орбан
Откако дојде повторно на власт во 2010 година, Орбан ја прогласи Унгарија за “либерална демократија” – независно од фактот дека ја започна кариерата токму како либерал. Многумина го обвинуваат дека е на пат да го уништи унгарскиот демократски систем. Во земјата навистина речиси не останала сериозна опозиција, а учителите се меѓу ретките професионални групи, кои се уште даваат отпор. Тие ја завршија минатата учебна година со штрајкови и демонстрации против образовната политика на владата.
Досега Орбан не ги коментирал спорните наставни содржини. Соодветното барање на Дојче веле до унгарската влада остана без одговор.