УНИЦЕФ: Рекорден број сериозни прекршувања на правата на децата во конфликти изминатата година

од Stefanija Kuzmanovska

Во конфликтите минатата година забележан е најголем број сериозни прекршувања на правата на децата од 2005 година, кога Обединетите нации почнаа да ги следат, соопшти УНИЦЕФ.

Според извештаите, во 2022 година имало вкупно 27.000 сериозни прекршувања на правата на децата, како што се присилно регрутирање, убиства и повреди, сексуално насилство, киднапирања и напади на училишта и болници.

Во конфликтите меѓу Израелците и Палестинците, како и во Конго и Сомалија, младите се најмногу изложени на опасност.

Слични содржини