Униформирани лица на 31 декември, ќе казнуваат по пријави и по добиени сознанија

од Берта Китинска
436 прегледи

Полицијата има оперативен план за новогодишните празници, на 31 ќе се контролира дали и колку се почитуваат мерките против ширење на ковид 19.

Ќе се проверуваат викендици ќе се контролираат и домовите особенo онаму каде што ќе биде забележан поголем број на луѓе. Мета на полицијата ќе бидат и туристичките месат. Униформирани лица ќе има и по булеварите и по улиците низ државава.

Од МВР велат дека со предходна дојава дека во некој објект има журка или прослава со налог од јавен обвинител ќе може веднаш да влезат. Министерот за внатрешни работи најави дека ќе има казни за сите кои нема да ги почитуваат мерките.

„Имаме оперативен план за празничната ноќ, кој ѝ е потребен на полицијата и тоа е доволно што треба да се знае. Сите оние кои што нема да ги почитуваат прописите, дали е тоа сопственик на вили кои што ги издаваат или се граѓани кои што учествуваат во такви настани ќе бидат поднесени кривични пријави со кривична одговорност зошто директно го нарушуваат животот и здравјето на граѓаните“, рече Оливер Спасовски, министер за внатрешни работи.

Завчера двесет и девет млади правеле журка во викендица во скопско Волково. Но полицијата ја растурила забавата. Уапсени се сите а меѓу нив и 24 годишниот сопственик на вилата како и диџејот кај кого полицијаците пронашле прашкасата материја. МВР најавува кривични пријави за непостапување според здравствените прописи за време на пандемија. Во петокот полицајците во стан во Скопје затекнаа забава. Упасија 13 лица а пронајдоа и дрога.

Покрај забавата во викендичка во скопско Волково, полицијата растурила и семејна веселба во кумановското село Лопате.

25-годишно момче било организатор, а на забавата, според МВР, пукал и со оружје за што биле пронајдени и чаури.

Полицијата упаднала на забавата по претходна координација со јавен обвинител, а најавува дека против 25-годишникот ќе поднесе кривична пријава за делата непостапување според здравствените прописи за време на епидемија и за предизвикување општа опасност.

Од 18 декември до 20 јануари важат мерките

Се ограничува работата на угостителските објекти наместо до 21 часот да биде до 18 часот, освен за угостителските објекти кои остваруваат продажба на алтернативен начин (онлајн нарачки, телефонски нарачки и слично) и да вршат достава или да овозможат самостојно подигнување на нарачката надвор од угостителскиот објект (преку штанд/пулт).

Дополнително, работата на угостителските објекти до 18 часот, да биде спроведена во рамките на веќе усвоените протоколи за работа. Оваа мерка да почне да се применува од 18 декември 2020 година до 21 јануари 2021 година.

Слични содржини