468
На електронските инфо-табли на влезот во Скопје осамна пораката „ГУШНИ ГО ПОЈАСОТ, А НЕ СОГОВОРНИКОТ #КОРОНАВИРУС“.
Идејата на пораката е да се подигне свеста кај граѓаните за последиците од Корона вирусот, но и за важноста од ефикасната заштита. Нашата цел е да го привлечеме вниманието кај граѓаните и да укажеме на препораките рацете задолжително да се мијат, да се избегнуваат јавните собири и да се намали движењето.Во истовреме, укажуваме и на обврската за ставање сигурносен појас додека граѓаните се во своето возило, за да се зголеми нивната безбедност кога се вклучуваат во сообраќајот, велат од Град Скопје.