Уникатни 3D микробатерии ќе ги напојуваат идните паметни часовници и фитнес-уреди

од Vlatko K
136 прегледи

Фитнес тракерите, паметните часовници и други паметни уреди ја поставија основата за нова ера во развојот на модерната електроника. Овие производи имаат сензори, кои автономно испраќаат информации и комуницираат со други уреди. Ова ни дава многу повеќе опции, но колку пофункционални се гаџетите, толку повеќе енергија тие користат. Научниците од UCLA создадоа уникатна микробатерија, која може да го реши овој проблем.

Официјалните податоци откриваат дека прототипот на литиум-јонската батерија е со димензии кои не надминуваат големината на 100 зрна сол, информира „TechRadar“. Eкипата на UCLA го менува целосно начинот на кој е конструирана батеријата за да успеат да ја направат толку компактна и во исто време да се осигура дека може да обезбеди доволно енергија да напојува паметен часовник или фитнес гаџет. Научниците велат дека техниката на производство на микробатеријата дури ја зголемува енергетската густина.

Наместо традиционалните слоеви, во UCLA создаваат тридимензионални анодни столбови, кои се покриени со тенок полимерен електролит. Крајниот резултат достигнува енергетска густина од 5,2 миливатi по квадратен сантиметар, што е прилично добро достигнување. Сепак, 3D батеријата има големина од 0,09 квадратни сантиметри. Следниот чекор е да се тестираат различни материјали за да се задржи дизајнот, но исто така и да се подобрат перформансите на батеријата.