Универзална ќе го задржи својот автентичен изглед, реконструкцијата започнува во мај

од Берта Китинска
320 прегледи

Универзална беше е и очигледно останува омилена културна институција на многумина скопјани. За мене тоа е доволна причина и мотив за повторно отварање на нејзините врати, рече денеска скопскиот градоначалник Петре Шилегов.

Универзална сала објектот ќе го задржи својот автентичен изглед, рече Шилегов. Очекувањата се градежните активности да почнат во мај, а за проектот Владата издвои 120 милиони денари.

„На мое и општо големо задоволство промовираме проект за реконструкција на универзална сала. Буџетот издвои 120 милиони денари. Универзална беше е и очигледно останува омилена културна институција на многумина скопјани. За мене тоа е доволна причина и мотив за повторно отварање на нејзините врати. Ќе биде реконструирана во постојниот габарит задржувајќи го својот автентичен изглед. Идејата да ја сочуваме во постојанта форма и локација дојде по опсежна и отворена дебата и недвосмислено изразување на волјата на јавноста. Наш приоритет е да ја отвориме оваа сала во нејзиниот полн капацитет во текот на оваа година. На 8 март ќе ја примиме донацијата на изведбениот проект, со што ќе има услови за распишување на тендерската постапка и во текот на мај очекувам да почнат градежните активности“, изјави Шилегов.

Слични содржини