Универзална почна да добива ново лице (ФОТО)

од Vladimir Zorba
372 прегледи

Универзална сала започнува да го добива своето ново лице, сподели градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов на својот Фејсбук профил.

Реконструкција на Универзалната сала на постојното место, со зачувување на истиот габарит и автентичниот изглед – ова е планот за реновирањето на салата, за што се издвоени 120 милиони денари од централниот буџет.

Изведбениот проект за реконструкција е изработен од проектантското биро „Мегарон инженеринг“, а ќе му биде даден на Градот како донација.

Архитектот Бујар Муча на денешната презентација објасни дека проектот го поделиле на две фази – едната фаза е изработка на фасадата и на куполата, а во втората фаза ќе предложат решение за функционалноста на објектот, односно реконструкцијата и реорганизацијата на внатрешниот простор.

„Се задржува постоечката форма, се прави внатрешна реорганизација на просторот. Се поставуваат нови материјали во фасадата, поради енергетската ефикасност. Со мали корекции во постоечката конструкција ќе се зголеми и противпожарната заштита. Целата конструкција надолу е челик, тој е дотраен, ќе направиме некои корекции и во конструкцијата, не нарушувајќи го обликот на објектот, но мора да се внимава и на противпожарна заштита“, изјави Муча во март.

Слични содржини