Универзална сала како инфраструктурен проект не може биде причина да се изгуби титулата Европска Престолнина на Културата за 2028-ма

од Vladimir Zorba

ЈУ „УНИВЕРЗАЛНА САЛА“ СКОПЈЕ остро ги демантира наводите објавени денеска на неколку медиуми, а во врска со губење на титулата на Град Скопје како Европска Престолнина на Културата за 2028-ма.

„Сакаме да нагласиме дека носител на проектот е културната установа Универзална сала која е под надлежност на Град Скопје, додека објектот кој е во фаза на реконструкција е тој што е дел од договорот помеѓу Град Скопје и Министерството за култура. Секако реконструкцијата на Универзалната сала е значајна за реализација на манифестации на дел од програмата, но не може да се минимизира значењето на сите други културни институции што ќе бидат вклучени во реализацијата на овој исклучително важен проект и за Градот и за државата“, истакнуваат оттаму.

Во врска со засилените шпекулации, кои деновиве се изнесуваат во медиумите, околу понатамошната постапка за реконструкција на Универзалната сала, согласно информации од Град Скопје, оттаму го потенцираат фактот дека со Министерството за култура е веќе договорена работна средба на која со заеднички консултации ќе се прецизира содржината на договорот за примопредавање.

„Програмата „Културата над поделбата“ со која конкуриравме и ја добивме оваа престижна титула е спој на многубројни проекти коишто го претставуваат богатото културно наследство на Скопје, а ќе ги промовираат минатото, сегашноста и иднината на нашиот град беа пресудни Европската комисија да ни ја додели организацијата на ЕПК2028. Универзална сала како инфраструктурен проект не може биде причина да се изгуби титулата.

Слични содржини