Универзалната сала ќе биде готова за три години

од Nikola Popovski
198 прегледи

Кога ги презедовме ингеренциите за реконструкција, предвидовме дека за три години ќе биде завршена и ќе биде вратена назад, целосно на Град Скопје. Обезбедни се финансиските средства, а минатата недела се распиша јавната набавка за втората фаза, преку меѓународен тендер, изјави денеска министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска околу предвидениот рок за довршување на реконструкцијата на Универзалната сала.

Според министерката, три години е повеќе од доволен период за да биде готов објектот и да се врати во ингеренции на Град Скопје.

Денеска после поголем застој, повторно започнаа градежните активности за реконструкцијата на Универзалната сала.

Универзалната не работи 7 години. Почна да се реновира во септември 2021, но по доаѓањето на градоначалничката Данела Арсовска градежните работи беа прекинати. Таа го обвини минатото раководство дека е виновно што концертната сала не се гради како и дека е небезбеден проектот.

Слични содржини