Унковски за Стефановски: Горан го преведе нашето битие, нè преведе нас, нè артикулираше

од Vladimir Zorba

Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје (МСМЈЛК при УКИМ) го објави видеоматеријалот од разговорот со режисерот Слободан Унковски, поветен на Горан Стефановски и неговото драмско творештво, по повод 70 години од раѓањето на Стефановски.

Разговорот се оствари во рамките на лекторската настава на курсот по литература на 55. Летна школа на МСМЈЛК при УКИМ.

„Горан беше голем чекор напред на македонската драма, зрела доба на нашата литература. Тој ги препознаваше проблемите и ситуациите пред да настанат, додека останатите не бевме ни свесни дека тие лебдат и дека повторно ќе се појават.”, вели режисерот.

„Горан го преведе нашето битие, нè преведе нас, нè артикулираше… Неговите драми се доказ за нашето постоење. Не станува збор само за јазикот, туку и за традицијата, симболите, начинот на мислење, комуникацијата, минатото, историјата… Без намера да се зема од некого нешто и без намера да се присвојува нешто што не е наше.”, истакнува Унковски.

Слични содржини