Упаднале во куќа во Лесковац, па застрелале маж – приведен македонски државјанин

од Nikola Popovski
142 прегледи

Припадници на српското Министерството за внатрешни работи во Лесковац, по наредба на Вишото јавно обвинителство во Лесковац, го уапсиле С. М. (24) од Белград под сомнение за сторено кривично дело обид за убиство, како и македонскиот државјанин М. К. (28) под сомнение за сторено кривично дело помагање на сторителот по извршувањето на кривичното дело.

Постои сомнежи дека С.М. вчера околу 12:35 часот пукал и ранил шеесет и тригодишен маж во неговата куќа во Лесковац, по што избегал од местото на настанот со возило управувано од М. К.

Полициските службеници го запреле возилото во Јагодина и ги уапсиле осомничените.

С. М., кој е исто така осомничен за кривично дело недозволено производство, држење, носење и тргување со оружје и експлозивни направи, и М. К. се наоѓаат во 48-часовен притвор и ќе бидат изведени пред надлежен судија.